You are currently viewing Повик за младинска размена во Македонија!

Повик за младинска размена во Македонија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-30 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Digital Community Radio for Youth Inclusion and Diversity“ во Македонија.

Место: Љубојно, Македонија

Датум: 22.08 – 28.08.2023

За проектот:
Целта на проектот е да развие компетенции кај младите луѓе да користат радио и паметни телефони за да го кренат својот глас и да ја унапредат својата позиција во општеството.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Bergmál (Iceland), Art of the Box (Belgium), Aarhus Global Media (Denmark

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?
Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 14.08.2023