You are currently viewing National two-day workshop, project “School Meets Business

National two-day workshop, project “School Meets Business

Волонтерски Центар Скопје организираше и логистички поддржа дводневен настан од Регионалниот проект „Училиштата се среќаваат со компаниите“ финансиран од австриското Сојузно Министерство за образование, наука и истражување, имплементиран од КултурКонтакт од Австрија, а во соработка со македонското Министерство за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука. Националната работилница за развивање на Модул 5 со националните специфичности за стручно образование и на системите за вработување се случи на 1 и 2 Април во хотелот Квинс во Скопје со учество на експерти од министерствата и Центарот и училишните координатори. Волонтерски Центар Скопје е организација координатор за овој проект кој има за цел да ги зајакне капацитетите и вештините на училиштата за стручно образование преку промовирање на училишни координатори за подобра професионална соработка со компаниите и бизнис заедницата.