You are currently viewing Тренинг курс во Бугарија!

Тренинг курс во Бугарија!

Отворен повик за тренинг курс што ќе се одржи во Благоевград, Бугарија од 13-21 Мај 2019 година. На тренингот ќе учествуваат 30 младински работници од Велика Британија, Италија, Бугарија, Шпанија, Грција, Романија, Турска, Кипар, Холандија и Македонија.

Потребни се 3 учесника со следниот профил:

-Младински работници, лидери, координатори, НВО претставници со искуство или вештини во областа

-Да го користат активно англискиот јазик

-На возраст над 18 години

Потребата на проектот произлегува од растечките тензии и насилство помеѓу малите етнички/групи мигранти и нараснатите тензии во самите членки на ЕУ по прашање на национализмот и расизмот. После подолга анализа на ситуацијата во земјите партнери и долгогодишното искуство на партнерите во оваа област заедно го изготвивме концептот на овој предлог проект. Шовинизмот, расизмот и дискриминацијата пропратена со насилство и закани кон малцинствата ја налага потребата за изнаоѓање стратегии за решавање на конфликтите, радикализацијата и насилството помеѓу младите луѓе.

Главните цели на проектот се:

-да се развијат знаења, вештини и компетенции на младинските работници во разрешувањето на конфликтите и градење на миољубиви решенија

-да им се обезбеди разбирање на концептот за ненасилно делување и едукација за човековите права кои можат да ги применат во локалните заедници за избегнување конфликти и насилна радикализација меѓу локалните млади луѓе

-да ги мотивира учесниците за застапување на ненасилни активности на локално, национално и меѓународно ниво и истите да го шират тоа и делуваат како  амбасадори на мирот

-да ја поттикнат соработката меѓу организациите за понатамошни активности и иницијативи во изградба на мирољубиви решенија помеѓу младината

-да ги промовираат европските вредности на интеркултурен дијалог, мир, анти-дискриминација, разновидност, почитување на човековите права, толеранција и солидарност.

Пријавете се со испраќање на мотивациско писмо на англиски на нашиот маил: vcs_contact@yahoo.com

Со наслов: “TC in Bulgaria”

Краен рок за пријавување е 22.4.2019.

Повеќе инфо: Infopack