You are currently viewing Запознајте го Јасе, нашиот нов волонтер од Финска
Jasse, Finland

Запознајте го Јасе, нашиот нов волонтер од Финска

Јас сум Јасе, имам 20 години и доаѓам од Илсалми, Финска. Додека сум таму, чувствувам дека треба да одлучам дали да се вратам на училиште или да почнам да работам. И каде. Годината што ќе ја поминам во Македонија е паузата што ми треба за да можам паметно да одлучам.

Никогаш не сум бил на Балканот, така што околината и луѓето се сосема нови за мене. Овде сум само неколку дена, но веќе се чувствувам како дома. Моите први впечатоци за оваа земја? Ми се допаѓа и тоа многу! Луѓето овде се љубезни и повеќето од нив се отворени. И тие планини… преубави се.

Во Финска, во зима сакам да играм хокеј на мраз или да одам да гледам натпревари. Во лето, хокејот го заменувам со одбојка и со фудбал.
Тука веќе се чувствувам удобно, бидејќи луѓето околу мене се извонредни!
На крајот од моето претставување, сакам да ви порачам дека ако имате можност да направите нешто што сакате – направете го! Секогаш имате можност да се вратите дома, не можете да изгубите ништо, но ветувам дека ќе уживате во времето во странство. Излезете од вашата удобна зона и правете нешто во што уживате!

Јасе Хеикила