Повик за волонтери во Унгарија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18 – 30 години) од Македонија за учество на краткорочниот (2 месеци) ЕСК проект “Volunteering in Nagyvázsony“ во Унгарија. Место: Нагиважони, Унгарија Датум: 01/07/2025 – 30/08/2025 или 01/09/2025 – 30/10/2025 (2 месеци) За проектот: Fekete Sereg е во потрага по волонтери кои би биле дел од нивната секојдневна работа во организацијата.…

0 Comments

Добредојде за Јуна од Франција!

Поздрав! Јас сум Јуна. Имам 24 години и доаѓам од најдобриот регион во Франција - Бретања, поточно од Рен. Ќе останам во Македонија три месеци за да уживам во свежиот летен воздух (ова е шега). Минатиот септември завршив магистерски студии по географија и животна средина и долго време барав можност да живеам во странство. Така…

0 Comments

Добредојде за Камил од Франција!

Bonjour! Моето име е Камил и имам 22 години. Родена сум во Брест (Франција), во прекрасниот регион Бретања. Студирам во Париз и неодамна завршив интердисциплинарни студии за политички науки и математика. Есенва ќе започнам магистерски студии по Европски прашања. Минатата година живеев во странство, во САД преку универзитетска размена и многу ми се допадна ова…

0 Comments

Одглуми го: Сцена за промена!

Ми беа потребни две возења со автобус, метро и воз, за после 18 часа да пристигнам на мојата дестинација. Дебрецен, Унгарија беше мирно место со пријатно време и живописни пејзажи кои ми создадоа пријатно чувство за овој проект уште на самиот почеток. Пристигнав точно навреме за вечера каде што добив можност да ги запознаам останатите…

0 Comments

Добредојде за Наржис од Франција!

Здраво на сите! Јас сум Наржис, имам 19 години, доаѓам од Франција, но горда сум на своето потекло: половина Французинка, половина Мароканка (тимски кускус и багети). Ги сакам авантурите, музиката во ушите, одбојкарските натпревари со пријатели и исклучително сум љубопитна за сè што е поврзано со Јужна Кореја. Ова е моето прво волонтерско искуство и…

0 Comments

Повик за волонтери во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Schools: Stay Active Volunteer vol. 4” во Италија. Место: Италија, Кампанија и Апулија Датум: Почеток: септември 2025 година (9 месеци) Повеќе за проектот: Associazione InCo-Molfetta APS има различни волонтерски места за периодот 2025-26 година во рамките на проектот „Stay Active Volunteer vol.…

0 Comments

Истражувајќи ја Македонија, пронаоѓајќи се себе си

Точно пред една година, ги предадов сите документи во амбасадата на Македонија во Полска и чекав да добијам привремен престој за да одам во Македонија. Имав измешани емоции околу преселбата во странство на една година и волонтирањето во Волонтерскиот Центар Скопјe (ВЦС). Од една страна, се чувствував возбуден да го променам мојот живот, да запознаам…

0 Comments

Домот што го избрав

Ако ми кажевте само пред пет години дека ќе живеам на Балканот една година, веројатно би помислила дека се шегувате. Не само Балканот туку и во Македонија од сите места на светот - земја за која никогаш не сум слушнала доволно можеби освен карактеристичното црвено знаме со жолто сонце и локацијата на картата што ја…

0 Comments

Повик за волонтери во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект “Volunteering in Lithuania” во Литванија. Место: Вилнус, Литванија Датум: Почеток: август/септември/октомври 2025 (12 месеци) За проектот: Проектот нуди волонтерски можности за неколку организации-домаќини – различни организации имаат различни одговорности и активности. Повеќе информации: 1. Градинка "Mamos delne": 1 волонтер, 1.10. 2025 - 31.09.2026 https://youth.europa.eu/solidarity/opportunity/19255 …

0 Comments

Тимско волонтирање во Турција!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Volunteering in Antalya” во Турција. Место: Анталија, Турција Датум: Група 1: 30.06 - 12.08.2025 ; Група 2: 14.08 - 26.09.2025 (43 денови) За проектот: Волонтерот ќе биде дел од тим од 10 и ќе работи во кампови со деца на возраст…

0 Comments

ВОИСЕС јуни 2025

Надежта е глуварче – и глуварчето е тоа. Приказната за сè си го продолжува својот тек така што најмалото, најситно семе од него е носено и однесено од раниот летен ветрец. И покрај неговиот сосема незабележителен изглед, тенкото семе поседува тајна супермоќ: може да се вкорени дури и на најневеројатните места под најсуровите и најзабранетите…

0 Comments

Интерактивна алатка за олеснување и поддршка на односот ментор+/менториран

Интерактивната алатка МЕНТОР+ нуди структурирана и прилагодлива поддршка и за менторите и за менторираните. Им помага да: Го изградат менторскиот однос Го следат нивниот напредок Ги посочуваат областите што треба да се прилагодат Го подобруваат целокупното менторско искуство Можете да пристапите до МЕНТОР+ онлајн на mentor.adice.asso.fr или да ја преземете како PDF-датотека. Оваа алатка е…

0 Comments

Педагошки прирачник „Како да станете МЕНТОР+?“

Оваа програма за обука е дизајнирана да ги опреми Менторите+ со потребните вештини и знаења за ефективна поддршка на нивните ментори во текот на нивното искуство во мобилност. Вкупното времетраење на структурираните активности во обуката изнесува 7 часа и 45 минути. Сепак, целокупната должина на обуката може да варира во зависност од тоа како обучувачите…

0 Comments

Добредојде за Фуркан од Турција!

Мерхаба! Се викам Фуркан и имам 21 година. Роден сум во Истанбул, но живеам во срцето на Турција - Анкара. Студирам на Универзитетот ТОББ, отсек: политички науки и меѓународни односи. Ме интересираат различни работи, па затоа немам никакви проблеми со комуникацијата со луѓето. Сакам да запознавам луѓе од други култури. Исто така, сакам да готвам…

0 Comments

Добредојде за Ефе од Турција!

Мерхаба! Се викам Ефе, име од турско потекло што значи храбар, особено храбар од Западна Анадолија. Имам 20 години и доаѓам од главниот град на Турција, Анкара. Сакам да учам за односите меѓу културите низ целиот свет. Овој интерес објаснува зошто студирам Меѓународни односи. Јас ѝ верувам на сопствената земја кога зборуваме за национална кујна.…

0 Comments

Повик за 2 волонтери во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 волонтерн (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “ESC Volunteering at Waldorfschule” во Германија. Место: Бремен, Германија Датум: 08.09.2025 – 31.08.2026 или 06.10.2025 – 30.09.2026 (12 месеци) Повеќе за проектот: Ако сте креативна и љубопитна личност, би сакале да работите со деца и да ја…

0 Comments

Преживувајќи ја мрачната зима

Пред три години, за првпат пристигнав во Бремен. Сонцето сјаеше, во тој момент имаше цветен пазар, па улиците беа преполни со луѓе и цвеќиња. Многу ми се допадна градот. За време на мојата „Еразмус+“ размена, имавме време да истражуваме. Последниот ден, јас и мојот тим-лидер баравме нешто низ градот и очигледно изгледавме изгубено. Ни пријде…

0 Comments

Don’t Gamble Your Future – „Еразмус+“ искуство што менува живот

Од 20 до 30 март 2025 година, имав привилегија да бидам дел од младинската размена од програмата „Еразмус+“ под наслов “Don’t Gamble Your Future”, што се одржа во Сарата Монтеору, Бузау – мирно рурално место во Романија. Заедно со учесници од Македонија, се приклучивме на млади од Летонија, Литванија, Чешка, Грција, Италија, Шпанија и од…

0 Comments

Повик за волонтер во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Ravenna International” во Италија. Место: Равена, Италија Датум: Почеток: јули 2025 (6 месеци) Повеќе за проектот: Волонтерите ќе ја поддржат организацијата домаќин и локалната заедница со помош во едукативните проекти (училишни работилници), промовирање на подкастинг, активности во/со Младинскиот информативен центар, промоција…

0 Comments

Тимско волонтирање во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Bridging generations” во Полска. Место: Гдањск, Полска Датум: 3.06 – 23.06.2025 (18 денови) За проектот: „Bridging generations“ е проект кој на учесниците им нуди увид во работата на локалниот волонтерски центар и ги повикува да ко-креираат активности. Волонтерите соработуваат со студенти и…

0 Comments