You are currently viewing Повик за младинска размена во Литванија!

Повик за младинска размена во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-30 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија за учество на Младинската размена „Get eco, stay friendly“ во Литванија.

Место: Анталиепте, Литванија
Датум: 28.4 – 6.5.2022

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

Проектот е насочен кон подигнување на свеста за отпадот, рециклирање и повторна употреба помеѓу младите луѓе, да се подигнат организациските вештини на младинските работници на полето на екологијата и зајакнување на нивните дигиталните вештини.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот:  Generation Echo, Литванија

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+ (до 275 евра).  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Get Eco, Stay Friendly!“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 04.04.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.