You are currently viewing Повик за младинска размена во Романија!

Повик за младинска размена во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (16-29 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија за учество на Младинската Размена „Soft drugs create hard problems“ во Романија.

Место: Буштени, Романија
Датум: 12.4 – 21.4.2022

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

“Soft drugs create hard problems” е младинска размена со 42 млади луѓе од 8 земји. Целта на проектот е да се зајакне улогата на младите луѓе во превенцијата и употребата на лесни дроги и во ефикасното надминување на ефектите од нивната употреба.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Asociatia O.D.E.N. Nehoiu

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+ (до 275 евра).  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Има придонес за учество од 5 € што треба да се плати во готово по пристигнувањето.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за МР “Soft drugs create hard problems“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 22.03.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.