You are currently viewing Повик за младинска размена во Австрија!

Повик за младинска размена во Австрија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на Младинската размена „Volunteer! You are never too young to change the world!“ во Австрија.

Место: Виена, Австрија
Датум: 16.10 – 24.10.2022

За проектот:

Проектот има за цел да покаже какво позитивно влијание може да има волонтерството врз личниот и професионалниот развој на луѓето и да ги инспирира младите луѓе низ Европа да се вклучат во волонтерски иницијативи. Проектот ќе биде насочен кон истражување на различни волонтерски можности, со посебен фокус на Европскиот солидарен корпус, ќе се разговара за мисијата и придобивките од ЕСК, како и за различни проекти на ЕСК и начините за наоѓање потенцијални места.

За повеќе информации: инфопакот

Партнер на проектот: Verein zur Unterstützung und Begleitung für Lehrlinge mit Migrationshintergrund

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 29.09.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.