You are currently viewing Повик за активно набљудување на практична работа во Италија!

Повик за активно набљудување на практична работа во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара кандидати, 17-35 години, од Македонија за учество за активно набљудување на практична работа на проект „It has to be love” во Италија.

Место: Сасари, Италија
Датум: 01 – 15.10.2022

За проектот:

Волонтерите ќе бидат надгледувани од меѓународен тим во канцеларијата во Сасари. Тие ќе соработуваат со тимот во различните активности што ги спроведуваат. Сите активности се поврзани со имплементација и реализација на проекти кои покриваат различни теми како што се промовирање на инклузивно однесување, борба против климатските промени и создавање поодржливо и инклузивно општество.

За повеќе информации:  ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: MV International

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликацијана англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: што е можно поскоро

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.