You are currently viewing Повик за активно набљудување на практична работа во Црна Гора!

Повик за активно набљудување на практична работа во Црна Гора!

Волонтерски Центар Скопје бара кандидати, 17-35 години, од Македонија за учество за активно набљудување на практична работа на проект „It has to be love” во Црна Гора.

Место: Подгорица, Црна Гора
Датум: 03 – 17.10.2022 или 22.10 – 05.11.2022

За проектот:

Работете заедно со Аида Перовиќ, извршен директор, психолог и младински работник, како и со Јелена Јовановиќ, програмски менаџер во НВО Прима. За време на вашата пракса за учење, ќе научите многу за родовото насилство во љубовните врски на тинејџерите, неформалното образование и онлајн и офлајн кампањи за превенција од насилство.

За повеќе информации:  ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: NVO Prima

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС+, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликацијана англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 28.09.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.