You are currently viewing Повик за волонтирање во Полска!

Повик за волонтирање во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 волонтери за учество на краткорочен (6 недели) ЕСК проект под наслов: “Hey Christmas Carol 3!” во Бидгошч, Полска.

Место: Бидгошч, Полска

Датум: 7.11.2021 – 19.12.2021

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19“.!!

Повеќе за проектот:

Во проектот “Hey Christmas carol 3!” волонтерите ќе припремат интернационални Божиќни песни, презентации во кои ќе ги претстават празничните традиции од нивните земји, како и работилници за: уметност, музика, театар, анимација и кулинарство. Волонтерите ќе пеат на средбите пред Божиќ, заедно со деца, тинејџери, лица со попреченост на различни места во Бидгошч.

За повеќе информации:  INFOPACK

Организација-домаќин: “Wiatrak” Rozwija Skrzydła (Полска)

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Обезбедени се и сместување, осигурување, транспорт, храна и џепарлак.

Како да аплицирате?

  1. Испратете маил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Напишете го насловот на проектот во насловот (на пример: Волонтер од Македонија, “Hey Christmas Carol 3!”)
  3. Претставете се накратко и посочете кој проект ве интересира
  4. Приложете го вашето CV на англиски јазик
  5. Приложете мотивациско писмо на англиски јазик, одговарајќи барем на следниве прашања:
  • Кој си ти?
  • Колку години имаш?
  • Зошто сакаш да учествуваш?
  • Како ќе допринесеш за проектот?

!!Краен рок за аплицирање: 15.10.2021!!

Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок за аплицирање кога ќе се финализира селекцијата на кандидатот.
Ги очекуваме вашите апликации!