Повик за волонтери во Хрватска!

Повик за волонтери во Хрватска!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 волонтери (18–30 години) за учество во долгорочниот ЕСКпроект: “Circles of Solidarity” во Хрватска.

Место: Загреб, Хрватска
Период: 2.11.2021–1.06.2022

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со ,,Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји ги имаат за влез на македонски државјани.

За проектот:

Главната и долгорочната цел на проектот е зголемување на социјалната одговорност кај младите луѓе, нивно мотивирање за учество во активностите на локалната заедница со цел да се поддржат ранетите и маргинилизарните групи, децата и младите; стимулирање на нивниот личен и професионален развој, како и засилување на компетенциите.

Повеќе информации: Infopack

Additional information open call Croatia

Проект партнер: Circles – Centre for education, counselling and charitable work

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по хрватски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за волонтерски проект “Circles of Solidarity”)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 14.10.2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.