You are currently viewing Повик за младинска размена во Романија!

Повик за младинска размена во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18–25 години) и 1 младински лидер (18+) од Македонија за учество во младинската размена „The land I love” во Романија. Младинскиот лидер ќе треба да учествува APV (Advanced Planning Visit) од 8 до 10 октомври во Тарту!

Место: Сарата-Монтеору, Бузау, Романија
Датум:
27.10.-05.11.21

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со ,,Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји имат за влез на македонски државјани.

За проектот:
Целта на проектот е да се зголеми одговорноста на младите за одржливост на животната средина и квалитетот на животот преку спречување и намалување на загадувањето на почвата. Целта е да се зголеми нивото на разбирање за факторите, причините и ефектите од загадувањето на почвата во човечкото тело и животната средина, преку развој на нови социограѓански, дигитални и уметнички вештини за подобра заштита на почвата и одржливост на животната средина.

За повеќе информации: INFOPACK

Партнер на проектот: Fundatia Pentru Tineret Buzau (Романија)

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени. Има придонес за учество од 5 € што треба да се плати во готово по пристигнувањето.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за „The land I love”)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 18.10.2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.