You are currently viewing Повик за обука во Унгарија!

Повик за обука во Унгарија!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во обука „UnlockeD“ во Холоко, Унгарија.

Место: Холоко, Унгарија
Датум:11.03 – 18.03.2023

За проектот:
“UnlockeD” е 7-дневна обука која има за цел запознавање и практична работа со иновативна методологија за решавање проблеми и начин на размислување (Дизајн размислување), која започнува и завршува со потребите на заедницата.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот:  Egyesek Ifjúsági Egyesület

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Има неповратен придонес од 60 евра.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 23.01.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.