You are currently viewing Повик за младинска размена во Романија!

Повик за младинска размена во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-25 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „The ugly duckling and other short stories…revisited“ во Романија.

Место: Сарата Монтеору – Бузау, Романија
Датум: 21.03 – 31.03.2023

За проектот:
Целта на проектот е да се промовира толеранцијата и различноста и да се бори против дискриминацијата на малцинствата преку методи на неформално образование, вклучувајќи презентации, дебати, игра на улоги, театар и раскажување приказни.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот:  FPT BUZAU

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Се плаќа 5 € за учество.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: час поскоро

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.