You are currently viewing Повик за обука во Данска!

Повик за обука во Данска!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Digital Community Radio for Youth Inclusion and Diversity” во Данска.

Место: Архус, Данска
Датум: 11 – 16.03.2023

За проектот:
Обуката има за цел да им обезбеди на учесниците (младинските работници) компетенции за работа со млади луѓе, како и зајакнување и градење на добри практики и капацитети во дигиталната младинска работа. Ќе ве научи како да испорачате повеќе квалитетни активности, користејќи дигитални алатки, особено радио и паметни телефони. Идеални учесници се млади луѓе кои работат во области за младите и се заинтересирани да стекнат повеќе вештини со дигитални алатки. Проектот е партнерство од помал обем што ќе реализира обука во Данска и младинска размена во Македонија.

Партнер на проектот: Bergmál (Исланд), Art of the Box (Белгија) и Aarhus Global Media (Данска).

Технички детали:
Проектот е финансиран од Ерасмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Ерасмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?
1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик
2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата

Краен рок за аплицирање: 26.02.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.