You are currently viewing Добредојде Хамит!

Добредојде Хамит!

Здраво, јас се викам Хамит, имам 22 години и доаѓам од Турција. Студирам земјоделство. Направив пауза од мојот живот во Турција за да се фокусирам повеќе на волонтерството. Тука сум за да учествувам во краткорочен ЕСК-проект во Волонтерски Центар Скопје. Верувам дека тоа што сум на ова место ќе биде многу убаво искуство за мене, дека ќе научам за различни идеи и култури со цел да станам светски граѓанин. Освен тоа, за прв пат ја напуштам мојата земја и сум многу возбуден. Сите мои нови пријатели во ВЦС ми помагаат во ова мое патување.

Во слободното време сакам да гледам ТВ-серии и да учам нови работи. Волонтирам во невладини организации. Таму каде што живеам, учествувам во работата на Градскиот совет на Бурса и општината Гурсу. Работите што ги реализира ВЦС носат бенефит за општеството. Ова многу ме мотивира – мислам дека најважното нешто на овој свет е да се допре до животите на луѓето. Ќе бидам тука два месеци. Би сакал да ги подобрам моите вештини и да се забавувам со пријателите.

Мојата животна филозофија е секогаш да барам повеќе…

Хамит Дурак