You are currently viewing Повик за волонтер во Италија!

Повик за волонтер во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект „Volunteering in Roccantica“ во Италија.

Место: Рокантика, Италија
Период:
април 2024 – ноември 2024 година (8 месеци)

За проектот:
Како волонтер ќе бидете вклучени во сите активности на здружението ALA, организација која работи во различни области на младинската политика и зајакнување на младите, како и на локален развој. Здружението обезбедува различни проекти и активности како летни кампови за деца, меѓународни работни кампови за тинејџери, младински обуки, младински размени и партиципативни работилници. Ќе работите со младите, ќе управувате со социјалните медиуми, ќе бидете дел од логистички и административен тим и ќе работите на отворено (реновирање, чистење, градинарство).

Повеќе информации: Инфопакот

Проектен партнер: Associazione ALA – APS

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 10.03.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.