You are currently viewing Добредојде Ибрахим од Турција!

Добредојде Ибрахим од Турција!

Здраво, јас сум Ибраим. Имам 21 година и роден сум во Ширнак, Турција, но ја живеам енергијата во Истанбул. Студент сум во трета година на Универзитетот Тракија – Оддел за царински менаџмент. Имав можност да се приклучам во работата на УНИЦЕФ и на некои други граѓански организации и тоа е за мене бесценето искуство.

Верувам во моќта на социјалната помош и солидарноста во човечкиот живот и овие вредности ги прифаќам како основен принцип во мојот живот.  Истовремено, активен сум во младинските здруженија. Во Лион, Франција учествував на ЕСК-хуманитарна обука. Бев импресиониран. Мојата страст кон природата и зелената боја го обликуваат мојот живот.

Во иднина, би сакал да подготвам големи проекти во областа на природата и социјалната помош, како и да се приклучам на голема институција како што е УНИЦЕФ.

Омилени работи ми се шетањето и патувањето, што вклучува пиење кафе и книги со мене. Моите цели се учество во поголеми проекти, развивање на моите вештини и инспирација на луѓето со мојата уметност. Не само работата, туку и собирањето и споделувањето спомени е важно за мене во животот.

Ибрахим Путру

Ибрахим ќе биде во ВЦС во следните два месеци и веруваме дека ова искуство ќе го доближи до неговата цел.

Организација-испраќач: EU Activities Center (Турција)