You are currently viewing ВОИСЕС март 2024

ВОИСЕС март 2024

„Дојди со мене во шумата каде пролетта напредува без разлика на се, не е единствена или посебна, туку еден од вечните подароци и, секако, видлива“. – Мери Оливер

Март пристигна, а со него и почетокот на пролетта. Додека првите качунки растат, имаме две меѓународни прослави: Денот на шумите, како и Меѓународниот ден на жената.

„Мајка природа“ – термин што ни е познат на сите. Овој концепт се провлекува низ различни култури и ја обликува нашата идеја за земјата и нашиот однос со природата. Фигурите на Венера кои потекнуваат од палеолитската ера се стари стотици илјади години. Откриени низ целиот свет, тие се персонификација на плодноста. Слични идеи се наоѓаат во старата митологија, како грчката божица Гаја, почетокот на животот и мајката на создавањето.

Персонификацијата секогаш се потпира на атрибути. За природата, тие се плодност и мајчински инстинкти на заштита и грижа. Овие атрибути одговараат на поимот мајка. Сепак, божиците на Земјата често се вкоренети во древните матријархистички култури. Додека денес, женскиот род често се гледа како втор, послаб пол, но најпрво беше поврзан со моќта на создавањето.

На крајот, атрибутите „женски“ и „машки“ се сомнителни концепти. Во нашиот модерен свет, ние се стремиме кон еднаквост, далеку од стереотипите. Без разлика на полот, можеме да излеземе од границите поставени од општествените норми.

Во овој месец размислуваме што ни нуди природата, како стекнуваме самодоверба и сонуваме големи нешта. Размислуваме за дигиталниот отпад, бидејќи се наближува денот на дигитално чистење и размислуваме за нови начини на живеење. Бидете дел од ова патување со нас и уживајте во ова новото издание на „Воисес“.

Јохана Крауткрамер

VOICES март 2024 PDF