You are currently viewing Повик за обука во Полска!

Повик за обука во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Totally Understanding” во Полска.

Место: Лублин, Полска
Датум: 22.02 – 29.02.2024

За проектот:
Обуката за проектот: „Totally understanding“ опфаќа широк спектар на теми, вклучувајќи дијагноза на системи за младинска работа, улоги на младинските работници, грижа за сопственото ментално здравје, мотивација на младите и кон нас самите. Обуката е вредна за сите кои започнале да работат со млади луѓе, користејќи неформално образование.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Fundacja Sempre a Frente, Полска

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 04.02.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.