You are currently viewing Повик за обука во Полска!

Повик за обука во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Towards identity” во Полска.

Место: Буковина Татшањска, Полска
Датум: 25.02 – 03.03.2024

За проектот:
Обуката „Towards Identity“ ќе се фокусира на зајакнување на компетенциите на младинските работници за поддршка на младите во нивниот процес на градење идентитет. Учесниците ќе развијат свесност за факторите и процесите кои влијаат на идентитетските прашања, овозможувајќи им да пружат поефикасна помош.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Fundacja Eklezja, Полска

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 04.02.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.