You are currently viewing Добредојде повторно, Ерен!

Добредојде повторно, Ерен!

Навистина ми е задоволство да се вратам повторно во овој град, во кој веќе бев претходно и да волонтирам во ВЦС повторно. На претходниот проект тука бев 6 недели, а сега ќе останам 3 месеца. Сосема сум сигурен дека овој град, кој ќе престојувам повторно, ќе ми остави добри впечатоци.

Да се претставам себе си со зборови, тоа е малку тешко за мене. Но ако се сеќавате на метафората за водата што ја споменав претходно, малку ја изменив. Можам да се претставам себе си како вода, но претпоставувам да се биде само како водата не ме опишува целосно. Да се има само таа особеност, тоа не го покрива секој аспект од животот. Мора да ги поседувате сите елементи. Како што не можеме да ја разбереме црната боја без белата, така животот треба да ги содржи сите емоции. Мислам дека треба да ги искусиме сите емоции на животот за да можеме да кажеме дека сме живи. Само така може да разбереме какви сме во суштина.

Навистина е добро да се биде повторно овде каде се чувствувам како дома. Прекрасно е да се биде во Скопје повторно, мистериозниот град каде се сеќавам на секој момент од живеењето и да ја имам можноста да се подобрам себе си барем за малку.

Ерен Демиртекин

Организација-испраќач: EU Activities Center (Турција)