You are currently viewing Повик за обука во Полска!

Повик за обука во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “CreActivities” во Полска.

Место: Лублин, Полска
Датум: 7.06 – 15.06.2023

За проектот:

Обуката „CreActivities“ е наменета за младински работници и искусни волонтери од НВО и ќе се фокусира на креативни методи на младинска работа кои можат подобро да ги ангажираат младите во организациите и локалните заедници.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Fundacja Sempre a Frente

Технички детали: Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 18.05.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.