You are currently viewing Повик за волонтер во Словенија!

Повик за волонтер во Словенија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект „Factory of solidarity“ во Словенија.

Место: Ормож, Словенија
Период: што е можно поскоро (6 месеци)

За проектот:

За време на вашиот ЕСК-волонтерски проект, ќе имате можност да предизвикате позитивно влијание врз програмата за млади во организацијата. Ќе имате шанса да соработувате тесно со децата и со тинејџерите, инспирирајќи ги и поддржувајќи ги во нивното „патување“. Дополнително, ќе имате платформа да ги презентирате културата и вредностите на вашата земја, како и програмата ЕСК, пред локалните училишта и градинки.

Повеќе информацииТУКА

Проектен партнерMladinski center Ormož

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 25.05.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.