You are currently viewing Повик за волонтер во Полска!

Повик за волонтер во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект „Gdańsk Ecological Volunteering Center“ во Полска.

Место: Гдањск, Полска
Период: 5.07. – 31.12.2023 (6 месеци)

За проектот:
Проектот е создаден како резултат на потребата да се активира локалната заедница да дејствува во полза на глобалните предизвици, чии негативни ефекти ги чувствуваме (или наскоро ќе ги почувствуваме) на локално ниво. Климатските промени се случуваат токму сега на нашите очи. Нашата цел е да изградиме заедница на еко-волонтери и еко-лидери. Ќе го поттикнеме локалното општество да дејствува, да учествува во кампањи и да споделува знаење.

Повеќе информации: ТУКА

Проектен партнер: Wolontariat Gdańsk

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Аплицирајте и преку платформата ТУКА

Краен рок за аплицирање: 20.05.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.