Повик за тренинг курс во Унгарија!

Повик за тренинг курс во Унгарија!

Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (18+ возраст) кои сакаат да учествуваат на тренинг курсот “Changemaker 3.0” во Унгарија.

Место: Холоке, Унгарија
Датум: 4.10 –13.10.2021

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19“ !!

Повеќе за проектот: “Changemaker 3.0” е 9-дневен курс за обука за личен развој за оние кои имаат искуство во водење на работни кампови или друг тип на проекти што вклучуваат групи или волонтери и кои ќе водат проект со вклучување млади луѓе во 2022 година. Тренингот е наменет за учесници кои сакаат да ги подобрат своите перформанси, врз основа на принципите на самосвест, снаодливост и отчетност.

За повеќе информации: INFOPACK
Проектен партнер: Egyesek Youth Association (Унгарија)

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени. Има придонес за учество од 60 € што треба да се плати во готово по пристигнувањето.

Како да аплицирате?

1. Испратете маил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Напишете го насловот на проектот во насловот (на пример: Апликација за “Changemaker 3.0 “)
3. Претставете се накратко и посочете кој проект ве интересира
4. Приложете го вашето CV на англиски јазик
5. Приложете мотивациско писмо на англиски јазик, одговарајќи барем на следниве прашања:

• Кој си ти?
• Колку години имаш?
• Зошто сакаш да учествуваш?
• Како ќе допринесеш за проектот?

!!Краен рок за аплицирање: 14.09.2021!!

Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок за аплицирање кога ќе се финализира селекцијата на кандидатот.
Ги очекуваме вашите апликации!