You are currently viewing Повик за обука во Германија!

Повик за обука во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Training of Youth Workers: Into the Future” во Германија.

Место: Остерхолц-Шармбек, Германија
Датум: 12.12 – 18.12.2023

За проектот:
Проектот има за цел да обезбеди простор за истражување на предизвиците, подобрување на работните компетенции на младинските работници и создавање долготрајни партнерства. Целта е да се информираат и обучат младинските работници за некои од надлежностите од „Моделот на компетентност за младински работници“.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: NaturKultur e.V.

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 25.10.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.