You are currently viewing Повик за волонтери во Унгарија!

Повик за волонтери во Унгарија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Tittle – Tattle” во Унгарија.

Место: Нагиважони, Унгарија
Датум: 21.11.2023 – 14.12.2023

За проектот:
Во текот на проектот, волонтерите ќе работат со четири различни теми:
1. Работилници со деца.
2. Учење за новата култура.
3. Сликање и пеење.
4. Комуникација и социјални медиуми.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Fekete Sereg Nagyvázsony

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+ програмата. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 22.10.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.