You are currently viewing Повик за обука во Португалија!

Повик за обука во Португалија!

Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Volunt4YOU(th)” во Португалија.

Место: Фафе, Португалија
Датум: 20.06 – 26.06.2024

За проектот:
Овој проект се занимава со намалениот граѓански ангажман на младите и има цел да го зголеми нивното учество во активностите на своите заедници, особено во однос на волонтерството.

Обуката „Volunt4YOU(th)“ е дизајниран за да ги опреми професионалците од младинскиот сектор со иновативни вештини и знаења за да бидат поефективни при младинскиот ангажман. Активностите имаат за цел да ги промовираат европските вредности и разновидните форми на младинско учество, поттикнувајќи партиципативна иднина за општеството.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Associação AMA A VIDA

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 360 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 05.05.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.