Една година по започнувањето на активностите во рамките на проектот: „European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum”, организиран од Волонтерски центар Скопје, а поддржан од Европската комисија преку програмите „Ерасмус+“ и „Европските млади заедно“, Марија Ристова од Кавадарци раскажува како и дали го промени општеството кон подобро.
„Мојот проект имаше за цел да се подигне свеста за одржување на чиста средина во околината на Кавадарци.
Дали тие активности беа најавените од почетокот на проектот или ги менувавте согласно условите?
-Имаше мали промени, но во целина се течеше по планот.
Каков беше „фидбекот“ на учесниците?
-Учесниците беа многу задоволни од спроведените активности и горди во чистењето и засадувањето на дрвца.
Една година подоцна: Дали вашите активности барем малку го сменија општеството кон подобро?
-Да, гледам голема промена во однесувањето на останатите кон природата, името на KavInAction се спомнува често особено во ситуации кога се зборува за соодносот човек-природа.
Што недостига за да се подигне општествената свест на сите полиња?
-За да се подигне општествената свест на сите полиња треба секој еден поединец да почне да ја подига свеста кај самиот себе, а со тоа да го натера и останатиот круг околу него.
Дали имате идеја и иницијатива да продолжите со активностите и волонтирањето и по завршувањето на проектот?
-И покрај тоа што планирам да студирам во странство, сакам да продолжам со волонтирањето и да се вклучувам во активности кои ќе придонесат кон подобро.