You are currently viewing Повик за волонтирање во Литванија!

Повик за волонтирање во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтер за учество на долгорочен (12-месечен) проект од програмата „ЕСК“ (Европски солидарен корпус) наречен: „Volunteering opportunities” во Тракаи, Литванија.

Место: Тракаи, Литванија
Датум: 01.06.2021 до 01.06.2022

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19“.

Волонтерот ќе работи во градинка на отворено “Patirčių slėnis” и заедно со другите учители ќе спроведе различни активности за деца, организирање настани, работилници и слично, за предшколска возраст. Нему ќе му биде обезбеден простор за да ги имплементира сопствените идеи, проекти и активности во вообичаениот секојдневен живот во Тракаи.

За повеќе информации, прочитајте го „инфпакот“!

Организација-домаќин: Kindegarten Patirčių slėnis

Технички детали: Проектот е финансиран од „Ерасмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Обезбедени се и сместување, осигурување, храна и џепарлак.

Како да аплицирате?
1. Испратете маил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Напишете го насловот на проектот во насловот (на пример: Волонтер од Македонија, „Volunteering opportunities“)
3. Претставете се накратко и посочете кој проект ве интересира
4. Приложете го вашето CV на англиски јазик
5. Приложете мотивациско писмо на англиски јазик, одговарајќи барем на следниве прашања:
• Кој си ти?
• Колку години имаш?
• Зошто сакаш да учествуваш?
• Како ќе допринесеш за проектот?

Краен рок за аплицирање: 05.06.2021

Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок за аплицирање кога ќе се финализира селекцијата на кандидатот.
Ги очекуваме вашите апликации!