Sara Jazadziska – One year later: How I changed society

Една година по започнувањето на активностите во рамките на проектот: „European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum”, организиран од Волонтерски центар Скопје, а поддржан од Европската комисија преку програмите „Ерасмус+“ и „Европските млади заедно“, Сара Јазаџиска од Скопје раскажува како и дали го промени општеството кон подобро.

-Мојот проект беше снимање краток филм: документарец за културното наследство на Охрид. Целта ми беше да се обидам да пренесам порака, како и да едуцирам што е можно повеќе луѓе за историјата и убавината на Охрид, како и нејзината загрозеност за губење на признанието од UNESCO.

Дали тие активности беа најавените од почетокот на проектот или ги менувавте согласно условите?

– За целиот проект бев во константна консултација со мојот ментор и со групата, со тоа и активности што ги правевме беa до некаде планирани, но секако, поради ситуацијата со пандемијата мораше да има промени.

Каков беше „фидбекот“ на учесниците? 

– „Фидбекот“ што го добивме беше супер, посебно од децата во основните училишта и од студентите од универзитетот по археологија.

Една година подоцна: Дали вашите активности барем малку го сменија општеството кон подобро?

– Секогаш сакаме нашата порака да биде слушната, разбрана и применета. Се надевам дека мојот проект направил мала промена, но пораките треба да ги слушнат и луѓе на повисоките позиции каде што можат да направат промена.

Што недостига за да се подигне општествената свест на сите полиња?

– Недоволен поттик и охрабрување за грижа и сочувување на околината од страна на локалната и централната власт, особено за помладите генерации, како и кај постарите, кои делуваат пасивно, па дури понекогаш и штетно, бидејќи искуството ги има научено дека трудот на поединецот е занемарлив во споредба со негрижата од мнозинството.

Дали имате идеја и иницијатива да продолжите со активностите и волонтирањето и по завршувањето на проектот?

– Следна идеја уште не ми е дојдена, ама иницијатива секогаш има да се продолжи со активностите и волонтирањето, па дури и после проектот. Од самата организација до луѓето што ги запознав и работите што ги научив, беше преубаво искуство.

Погледнете го документарецот на Сара: