Волонтерски Центар Скопје објавува повик за 7 учесници и 1 лидер од Македонија за учество на Еразмус+ проектот-Младинска Размена „Дали сте медиумски образовани? Да!“ во Коџаели, Турција.
Место: Коџаели, Турција
Датум: 7-15 Октомври 2020 година
!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19
Проектот е за зајакнување на критичкото расудување, подигнување на свесноста на младите луѓе за важноста на медиумите, со дебатирање за алатките за проверка на факти, дигитална медиумска заштита, слободи и зајакнување на клучните вештини за учење, посебно комуникација на странски јазици, свесност за различните култури, социјални и дигитални вештини.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Сместувањето, осигурувањето и оброците се обезбедени. Котизација по учесник: 40 евра.
Апликација:
Испрати мотивационо писмо одговарајќи на следниве прашања:
Кој си ти? Колку години имаш? Зошто сакаш да учествуваш? Како ќе допринесеш за проектот? … И испратете CV (на англиски јазик) на vcs_contact@yahoo.com
Ве молиме не заборавајте да нагласите за кој проект се пријавувате!
Краен рок за аплицирање: 26.08.2020