Луѓето доаѓаат и си одат од нашите животи. Едноставно така работи животот. Некои луѓе ќе дојдат и ќе одат со нас долго време, додека пак други ќе свртат на првата кривина. Но секој човек што навистина ќе го запознаеме остава нешто зад себе. Дали чувство, спомен, поука, прикаска, или пак дел од нас што ни ние не сме го откриле во себе.
Некои луѓе ни покажуваат што е вистинско пријателство. Некои ни пружат рака кога ни треба помош. Други, пак, нè учат да се смееме послободно, да сме поотворени, како да даваме и примаме, да се грижиме, или само да уживаме во моментот. Понекогаш, го сфаќаме нивното влијание врз нас дури кога треба да се збогуваме со нив.
Ова е вистинската убавина на волонтерството. Отпатуваш во друга земја, мислејќи дека одиш да го видиш светот, само да дознаеш дека светот не е изграден од граници, култури, или места на карта, туку од луѓе.
Пристигнуваш некаде, заобиколен од странци, од различни краеви на светот. Приметуваш различни јазици, обичаи, навики, верувања, и погледи кон животот. Но како што поминувате повеќе време заедно, тие разлики стануваат сѐ помалку важни.
Тоа нѐ потсеќа дека некој од другиот крај на светот не е толку поразличен од нас. Сите доживуваме слични радости, стравови, љубов и надежи.
Стравот расте таму каде што нема разбирање и лична поврзаност. Но кога навистина се запознаваме еден со друг, кога се ислушуваме, и кога споделуваме искуства, тогаш странецот станува пријател. Различната култура станува прикаска во која можеш да се пронајдеш. Место што некогаш си го знаел само на карта, станува поврзано со луѓе што ќе ги помниш.
Конфликтите не можат да се решат со волшебно стапче. Но можеме да придонесеме за подобар свет преку љубопитноста, слушањето пред да осудуваме, обрнувањето внимание на тие околу нас, почитувањето на разликите наместо плашењето од нив, и пронаоѓањето на убавината во тоа што нѐ прави различни.
Доаѓаме како странци,а си одиме како парчиња од приказните едни на други, и јас сум многу благодарен за секој човек што оставил мало парче од себе во моите.
Лаура Ловингерова
