Здружението за волонтеризам Волонтерски Центар Скопје ги објавува прелиминарните резултати од Повикот за подгрантови имплементиран во рамките на проектот „AGREE! – Акција за правата на девојките за еднаквост и зајакнување“.
По административната, квалитативната и квалитативната евалуација на поднесените апликации, следните кандидати се избрани:
| „Гласот на жената низ времето: Култура, дијалог и акција за родова еднаквост“ | ОРО Скопје |
| Зајакнување и поддршка на маргинализираните млади Ромки | Асоцијација за потикнување на млади |
| RISE EQUAL: My voice. My choice. | Во мојот свет |
| „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите | Еко Логик Скопје |
| ГЛАСНИ И ЕДНАКВИ: Девојките креираат локални промени | ЦМА Крик |
| Еднакви, силни – девојки без бариери | Креатива Исток |
|
За еднократни активности или настани: |
|
| Младински форум: „Гласно за девојките – кршење на стереотипите“ | ГосКМП |
Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани од Волонтерскиот Центар Скопје помеѓу 6-ти и 9-ти октомври 2026 година во врска со следните чекори во процесот на селекција, вклучително и консултации за какви било прашања или појаснувања поврзани со предложените активности и/или буџетот, каде што е применливо.
Кандидатите кои не се избрани во потесен избор и не се задоволни од прелиминарните резултати имаат право да поднесат жалба. Жалбите мора да се достават писмено до vcs_contact@yahoo.com најдоцна до 09:00 часот (локално време) на 12 октомври 2026 година.
Приговорите примени по наведениот рок нема да бидат разгледани.
Ве молиме имајте предвид дека ова се прелиминарни резултати и не претставуваат конечна одлука за доделување на финансиска поддршкa. Конечната одлука ќе се донесе по завршувањето на постапката за жалби и процесот на консултации со кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Сите кандидати ќе бидат писмено известени за исходот од нивната апликација.
Би сакале да им се заблагодариме на сите организации што поднесоа апликации за нивниот интерес и учество во Повикот за подгрантови.
Овој повик за предлози е изготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Неговата содржина е единствена одговорност на Здружението за волонтеризам „Волонтерски ЦентарСкопјe“ и не ги одразува нужно ставовите на Европската Унија.
Референтен број: EuropeAid/179703/DH/ACT/Multi
Буџетска линија: 6.4.1.
