Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов: “Vitality 2026” во Италија.
Место: Берголо, Италија
Датум: што е можно поскоро (9 месеци)
Повеќе за проектот:
За време на овој волонтерски ангажман, ќе давате поддршка на младински проекти, културни и општествени настани, како и на меѓународни активности. Во зависност од вашите интереси, може да работите на комуникации и социјални мрежи, да помагате во организирањето фестивали и размени, да учествувате во акции поврзани со животната средина и одржливоста, како и да придонесувате кон секојдневното функционирање на организацијата. Исто така, ќе имате простор да развиете сопствени идеи и личен проект.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Организација-домаќин: Associazione Vagamondo
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 30.09.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
