You are currently viewing Повик за доделување грантови

Повик за доделување грантови

Волонтерски Центар Скопје објавува Повик за доделување грантови, во рамките на проектот „AGREE – Акција за правата на девојките на еднаквост и зајакнување″, поддржан од Европската Унија. Целта на проектот е да го поддржи и охрабри учеството и влијанието на граѓанското општество врз почитувањето на правата на жените и девојчињата, антидискриминацијата, регионалната соработка и социјалната кохезија преку градење капацитети, вмрежување и застапување за родова еднаквост и јакнење на девојчињата во регионот на Западен Балкан и Турција.

Целта на овој повик е да понуди обуки и мали подгрантови за локални и граѓански организации од јавен карактер е: а) да ги изградат своите капацитети за партнерство со други организации; б) да го развијат својот внатрешен квалитет во управувањето, финансиското и манаџирањето со проекти, собирањето средства, застапувањето, лобирањето, истражувањето и анализата; и в) да го подобрат досегот преку поттикнување на меѓукултурен дијалог на локално ниво.

Апликанти може да бидат индивидуални законски регистрирани невладини организации; Неформални групи на граѓански организации (родителски групи, неформални граѓански организации) предводени од законски регистрирана невладина организација; Неформални конзорциуми на невладини организации, образовни и други релевантни институции, локални власти и други законски регистрирани тела, предводени од законски регистрирана невладина организација.

Само граѓанските организации, формалните и неформалните грасрутс организации кои ќе го завршат сетот на обуки на проектот AGREE! на регионално, национално или локално ниво (теми на сетот обуки): 1) родова еднаквост и антидискриминација; 2) социјално и финансиско образование; 3) врсничка едукација; 4) градење капацитети на граѓанските организации) се подобни за учество во Повикот за предлози.

Кандидатите мора да бидат регистрирани најмалку две години во моментот на поднесување на апликацијата.

Финансиската поддршка во рамките на овој Повик за предлози ќе биде доделена во една од следниве категории:

  1. До 5.000 евра за еднократни активности/настани

Или

  1. До 10.000 евра за проекти и иницијативи со времетраење до 6 месеци

Повеќе детали за повикот се достапни во Повик за предлози.

Апликацијата за овој повик треба да ги содржи уредно пополнети следните документи:

Рокот за поднесување на апликации е 18 септември 2026 г. до 23:59 часот.

Процесот на евалуација ќе се одвива во неколку фази:

 

За какви било дополнителни прашања, ве молиме контактирајте го соодветниот партнер на AGREE преку е-пошта на следната е-пошта: vcs_contact@yahoo.com пред 10 август 2026 година.

Одговорите на сите релевантни прашања ќе бидат доставени во писмена форма најдоцна до 14 август 2026 година.

 

Проектот се спроведува од партнерство на организации од граѓанското општество, предводени од Pomoć deci (Србија), во соработка со Волонтерски Центар Скопје (С. Македонија), Institute for Development of Civil Society – Innovate (Косово*).[1]), Gruaja Tek Gruaja (Албанија), Kalben Association (Турција), Women’s Safe House Podgorica (Црна Гора), International Association Interactive Open Schools (Босна и Херцеговина) и Ofensiva Tinerilor (Романија).

Проектот е поддржан од Европската Унија во рамките на IPA III / 2024 / 459-906.

[1]Ова означување не е во спротивност со ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за декларацијата за независност на Косово.