Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Hands for the community“ во Италија.
Место: Финале Емилија, Италија
Датуми: август 2026 – март 2027 (7 месеци) или септември 2026 – февруари 2027 (5 месеци)
За проектот:
Волонтерите ќе поддржат различни проекти базирани на заедницата, вклучувајќи: Проекти и настани во заедницата: Организирање јавни настани, креативни работилници и активности за подигање на свеста за училиштата и локалната заедница. Волонтерите ќе помагаат со логистиката и подготовката на материјалите. Социјална градина и грижа за животните: Волонтерите ќе помагаат во градината во заедницата и со грижата за животните, учејќи техники на агроекологија и создавајќи социјални можности за лицата во неповолна положба преку активности на отворено.
Проектен партнер: Mani Tese
Повеќе информации: Инфопакот
Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.
How to apply?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 13.07.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
