You are currently viewing Повик за волонтери во Полска!

Повик за волонтери во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Hey Christmas Carol 5!” во Полска.

Место: Бидгошч, Полска
Датум: 2.11.2023 – 21.12.2023 (7 недели)

За проектот:
Волонтерите ќе подготвуваат меѓународни божиќни песни и презентации за божиќните традиции што преовладуваат во нивните земји и божиќни работилници: уметност и занает, музика, театар, личен развој и кулинарство. Тие ќе пеат и ќе свират Божиќни песни од различни земји на предбожиќни состаноци со деца, тинејџери, лица со посебни потреби и постари лица на различни места во Бидгошч, вклучувајќи го и официјалниот божиќен пазар во градот. Проектот е за размена на божиќни традиции и култури, без разлика на религиозното верување.

Тимски волонтерски проекти се отворени и за оние кои имаат волонтирано преку програмата ЕСК/ЕВС.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Wiatrak

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Аплицирајте и преку портал youth.europa

Краен рок за аплицирање: 28.09.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.