You are currently viewing Повик за волонтери во Германија!

Повик за волонтери во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Volunteering at the German Dance Film Institute“ во Германија.

Место: Бремен, Германија
Период: 13.05.2024 – 13.05.2025

За проектот:
Дали сте страсни за танцот? Можеби и за филмот? Овој волонтерски проект ги комбинира овие две теми! Можете да се придружите на тимот во Германскиот институт за танцов филм, најголемата архива на танцови филмови и со тоа важна образовна институција во уметничкиот сектор!

Повеќе информации: ТУКА

Проектен партнер: NaturKultur e.V

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето, храната и џепарлак, како и часовите по германски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 28.09.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.