You are currently viewing Повик за волонтер во Германија!

Повик за волонтер во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Social Media and Content Creation at NaturKultur“ во Германија.

Место: Бремен, Германија
Период: 17.01.2024 – 17.01.2025

За проектот:
Истражете ги можностите за волонтирање преку NaturKultur! Можете да се придружите на забавен и креативен тим со фокус на меѓународна младинска работа. NaturKultur нуди две возбудливи позиции: Создавање содржина и Управување со социјалните медиуми.

Како волонтер за создавање содржина, ќе ја искористите вашата креативност за да создадете интересни видеа и содржини. Алтернативно, ако имате пасија за социјалните медиуми и раскажувањето приказни, улогата на управување со социјалните медиуми ќе ви овозможи да креирате атрактивни објави, написи и билтени. Која позиција и да ја одберете, ќе имате шанса да соработувате, да иницирате свои проекти и да вршите позитивно влијание, а сето тоа додека стекнувате драгоцено искуство во пријатна средина.

Повеќе информацииТУКА

Проектен партнер: NaturKultur e.V

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето, храната и џепарлак, како и часовите по германски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 01.10.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.