You are currently viewing Повик за волонтери во Германија!

Повик за волонтери во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “ESC Volunteering in Bremen” во Германија.

Место: Бремен, Германија
Датум: 05.09.2023 – 31.08.2024 (12 месеци)

Повеќе за проектот:

Tobiasschule во Бремен

Ако сте грижлива личност со отворен ум и би сакале да работите со деца со посебни потреби – овој волонтерски проект е за вас! Во период од 12 месеци, можете да го поддржувате тимот во Tobiasschule во Бремен, да учите и да растете заедно со учениците и да имате позитивно влијание врз нив. Би било одлично ако знаеш малку германски јазик.

Waldorfschule Touler Straße во Бремен

Ако сте креативна и љубопитна личност, би сакале да работите со деца и да ја истражувате педагогијата на Валдорф, тогаш овој ЕСК-проект ќе биде совршен за вас! Би било одлично ако знаете малку германски или шпански јазик.

Fridehorst во Бремен

Дали сакате да ги насмеете другите луѓе? Со волонтирање во Freizeitzentrum во Friedehorst, организација која обезбедува рекреативни активности за луѓе со посебни потреби и болести, можете да станете креативни и да го дадете најдоброто од себе како волонтер во период од 12 месеци! Потребно е Б1-познавање на германски јазик.

 

Организација-домаќин: NaturKultur Bremen e.V.

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Аплицирај преку NaturKultur: Tobiasschule во Бремен, Waldorfschule Touler Straße во Бремен, Fridehorst во Бремен.

Краен рок за аплицирање: 09.04.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.