You are currently viewing Запознајте ги Адријан и Иван: Нов шпански двоец во ВЦС

Запознајте ги Адријан и Иван: Нов шпански двоец во ВЦС

Од минатата недела, нашето ВЦС семејство е побогато за двајца нови членови. Адријан и Иван се студенти кои ни доаѓаат од Тарасона, Шпанија. Тие студираат Администартивен Менаџмент и во рамките на Еразмус+ ВЕТ програмата (Стручно Образование и Обука), тие ќе ја извршат својата практична работа во нашата ВЦС канцеларија и во уште неколку соодветни компании, за да се здобијат со меѓународно искуство во менаџирањето, архивирање и изготвување документи. Тие ќе бидат со нас наредните 3 месеци.

Да го слушнеме нивното претставување и првите впечатоци:

Адријан

Кажете му Здраво на нашиот нов ВЕТ студент Адријан од Шпанија. 21-годишен весел, кој прави смешки и ја почитува старата музика. Во слободното време тој сака да си игра со неговите 3 кучиња. Тој е возбуден и среќен што ќе ја истражи Македонија, како што вели: Зошто да не?

Иван

Поздравете го и другиот нов ВЕТ студент Иван од Шпанија. Тој е 22-годишен ентузијаст за спорт. Во слободното време, покрај волонтирањето за Црвениот Крст, тој сака да гледа серии, филмови и да слуша техно. Тој ја избра Македонија како нешто ново и поразлично.