You are currently viewing Повик за волонтери во Романија!

Повик за волонтери во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) за учество на долгорочни ЕСК-проекти под наслов: “ACT for CHANGE II” и “EcoACT” во Романија.

Повеќе за проектите:

ACT for CHANGE II: Главната цел на проектот е да овозможи лични и професионални можности за 300 студенти во Крајова преку примена на развој на програмите на неформалното образование и работилници преку 3 испреплетени теми:солидарност и социјална инклузија, активно граѓанско учество и еко-навики за средината.

Place: Крајова, Романија
Date: мај 2023 – октомври 2023 (6 месеци)
Infopack

 

EcoACT: Проектот има за цел да ги промовира знаењето, вештините и еко-навики и ставови помеѓу младите, а исто така има за цел и да овозможи развој на локалните младински заедници и зајакнување со поддршка на младите и студентите да бидат проактивни и да се вклучат во организирање на еко-активности.

Place: Бајлешти, Романија
Date: мај 2023 – октомври 2023 (6 месеци)
Infopack

 

Организација-домаќин: Asociatia Comunitati pentru Tineret

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 09.04.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.