You are currently viewing Повик за Семинар во Босна и Херцеговина

Повик за Семинар во Босна и Херцеговина

Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (18+ години) од Македонија за учество на Семинарот “Sexual and Gender based violence among youth” во Босна и Херцеговина.

Место: Сарево, Босна и Херцеговина
Датум: 13.05–22.05.2022

За проектот:
Семинарот „Sexual and Gender based violence among youth“ во рамките на проектот Еразмус+ “It has to be love” има за цел да ги едуцира младите работници и младите во однос на родовото насилство.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: NVO Prima

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Sexual and Gender based violence among youth“ во Сараево)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 27.04.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.