You are currently viewing Повик за обука во Кипар!

Повик за обука во Кипар!

Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (+18 години) од Македонија за учество на обука за проектот: „Games for Social Entrepreneurship“ во Ларнака, Кипар.

Место: Ларнака, Кипар
Датум: 23.5 – 30.5.2022

За проектот:

Главната цел на проектот „Игри за претприемништво“ е поддршка на професионалниот развој на младинските работници и развој на нови иновативни пристапи за подобра младинска работа, посебно во образованието за претприемништво преку воведување активности базирани на игри.

 

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ 

Партнер на проектот:  Citizens in Power

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Има придонес за учество од 40 € што треба да се плати во готово по пристигнувањето.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Games for Social Entrepreneurship“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

 

Краен рок за аплицирање: 25.04.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.