You are currently viewing Повик за обука во Романија

Повик за обука во Романија

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+18 години) од Македонија за учество на обука за проектот: „ Virtual Tools For Real Mobilities “ во Бузау, Романија

Место: Бузау, Романија
Датум: 19.5 – 28.5.2022

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

“Virtual Tools For Real Mobilities” е обука што ќе се одржи во Романија од 19 до 28 мај 2022 година со присуство на 32 учесници и 4 експерти. Целта на проектот е на младинските работилници да им обезбеди нови дигитални методи и алатки за примена во управување со подготовка и имплементација на „Еразмус + младинските мобилности“.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ 
Партнер на проектот:  HAIR REDIVIVUS BUZAU

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Се плаќа 20 € за учество.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Virtual Tools For Real Mobilities“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

 

Краен рок за аплицирање: 02.05.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.