Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+18 години) од Македонија за учество во тренинг курсот “Short videos as a tool for online and offline campaigns in order to prevent violence in youth relationships” како дел од проектот #YOUTHTOO во Босна и Херцеговина.
Место: Сараево, Босна и Херцеговина
Датум: 20.10-29.10.2021
!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со ,,Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји имат за влез на македонски државјани.
За проектот:
Во овој проект работиме на учење за родово базирано и сексуално насилство во љубовните врски на младите и отворање на сите оние прашања што, повеќе или помалку, во сите наши општества се поврзани со срам, страв, чувство на вина, накратко кажано – табуа.
За повеќе информации: INFOPACK
Партнер на проектот: BRAVO – Bosnian Representative Association for Valuable Opportunities (Босна и Херцеговина), NVO Prima (Црна Гора)
Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 180 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени.
Како да аплицирате?
1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за YouthToo тренинг курс во Сараево)
3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 15.10.2021
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.