You are currently viewing Повик за младниска размена во Босна и Херцеговина!

Повик за младниска размена во Босна и Херцеговина!

Волонтерски Центар Скопје бара 7 учесници (16-25 години) и младински лидер (+18) од Македонија за учество во младинската размена “Volunteering Matters” како дел од проектот VCC 2.0 (Volunteering Connecting Communities) во Босна и Херцеговина.

Место: Сараево, Босна и Херцеговина
Датум: 30.10-6.11.2021

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со ,,Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји имат за влез на македонски државјани.

За проектот: На Младинската размена ќе учествуваат 40 млади луѓе (на возраст од 16-25 години) и 10 младински лидери (без ограничување на возраста). Ќе имаат можност да дискутираат, инспирираат, да разменат искуства за волонтерството и да научат да користат конкретни алатки како што се мултимедија за да го промовираат волонтерството и младинско учество кај младите.

За повеќе информации: INFOPACK

Партнер на проектот: Udruženje „Mladi Volonteri“

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 180 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?
1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Volunteering Matters”)
3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:

  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 22.10.2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.